Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на Скопје се уште не ги добиле сметките за парно за март

Граѓаните на Скопје се уште не ги добиле сметките за парно за март
Сметките за парно за  месец март граѓаните на Скопје се уште не ги добиле, бидејќи новиот снабдувач со парно сè уште не им ги испорачал.
Овие сметки според последните измени на ценовникот од страна на Регулаторната комисија за енергетика треба да бидат пониски за 14,24 проценти за граѓаните кои ги снабдува компанијата „Балкан енерџи груп“ и за 13,45 проценти за оние кои со топлинска енергија ги снабдува „Скопје север“.
Од компаниите, за „Утрински весник“, велат дека доцнењето е резултат на технички проблеми околу печатењето на сметките и оти граѓаните деновиве ќе почнат да ги добиваат сметките за месец март со новата цена.
Слично

Поврзани вести