Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на Дебар не плаќаат комуналии, претпријатието се гуши во побарувања

Граѓаните на Дебар не плаќаат комуналии, претпријатието се гуши во побарувања

Дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“ и понааму се гуши“ во побарувања. За справување со состојбите, раководството на претпријатието инфирмираше дека се доставени пријави за повеќе од илјада корисници за судска наплата на долговите.

- Граѓаните и правните субјекти на нашето претпријатие на име потрошена вода и подигнат смет му должат над 82 милиони денари, или 1,3 милиони евра. Повеќе од 56 милиони се долгови што ги имаат граѓаните, додека над 25 милиони се долгови на фирмите и институциите, изјави директорот на „Стандард“ Мазлум Леши.

Според него, поради несовесноста на  сограѓаните се соочуваат со големи финансиски проблеми.

- Вода им испорачуваме редовно, како што го подигаме и сметот, а ние вработените немаме ни редовни плати, се сочуваме и со неможност да ги исплатиме придонесите на име здравствено и пензиско и инвалдиско осигурување, нагласува Леши.

Тој посочува оти во списокот на неплаќачи има многу од оние со високи плати, лекари, носители на фукнции, професори, бизнисмени.

-Меѓу нив има и такви кои сметките не ги платиле со години а долгот им изнесува и до 60 илјади денари и повеќе, тврди Леши.

Поради немањето средства, проблеми, вели тој, имаат и во однос на одржувањето на водоводната мрежа, стара над пет децении како и градската депонија, која се наоѓа на излезот од градот на патот кон селото Бањиште и граничниот премин „Блато“.

Слично

Поврзани вести