Граѓаните годинава посетувале театар повеќе од лани
Податоците велат дека 222 посетители имало просечно на една театарска претстава.
Државниот завод за статистика во сезоната 2014/2015 година, бележи зголемување на вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 5.6%, а бројот на посетителите е зголемен за 14.3% во однос на сезоната 2013/2014 година.
Наспроти овие податоци бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4.2%, а бројот на посетителите е намален за 7.1% во 2014/2015 г.
Намалување бележат и прикажаните претстави во аматерските театри чиј број е намален за 20.4%, а вкупниот број на посетителите е намален за 7.6%.
Бројот на одржани концерти пак бележи намалување наспротив бројот на посетители чиј број бележи зголемување.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2014/2015, во споредба со 2013/2014, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), и бројот на посетителите е намален.
