Граѓаните до гуша во долгови
Бројот на блокинари банкарски сметки на граѓаните расте од месец за месец. Во јуни оваа година бројот на граѓани чии сметки се блокирани достигна 172 339. Тоа значи дека во јуни се блокирале 2 330 сметки повеќе од претхониот месец.
Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Народната банка на Република Македонија.
Најчеста причина поради која се блокираат банкарските сметки е неплатена рата на кредити, комунални долгови и радиодифузна такса.
Граѓаните се заглавени најмногу во долгови за потрошувачки кредити, станбени кредити и кредитни картички.
Задолженоста за потрошувачки кредити изнесува 850 милиони евра, за станбени кредити над 436 милиони евра, а долгот на граѓаните по основ на кредитни картички изнесува повеќе од 200 милиони евра.
