Граѓаните даваат поддршка на уапсениот возач
Граѓани се собираат пред полициската станица Пролет да го поддржат позачот на пикапот кој е приведен по протестот на „Шарената револуција“.
Се работи за Н.П. роден 1962 година.
На Фејсбук профилот на „Шарена револуција“ пишува:
„Режимот повторно се обидува да удри по нашите соборци, но нема да им успее! Вечерва, на крајот од протестот во Скопје, од страна на неуниформирани полициски лица приведен е Џовани, возачот на пикапот на#ШаренаРеволуција од каде секој ден ечат нашите гласови и нашите звуци“.
Засега не се знае зошто возачот е уапсен.
Слично
