Граѓаните да излезат на масовни и мирни протести-порача Коалицијата за промени и правда
Од Коалицијата за промени и правда ги повикаа граѓаните вечерва масовно да излезат на мирен протест пред СЈО во 19 часот.
Сметаат дека на тој начин ќе се забрзаат позитивните процеси за излез од кризата и ќе се поддржи работата на СЈО.
„Коалицијата за Промени и правда смета дека крајно време е да се стави крај на политичката криза и да се нормализираат состојбите, се со цел да се создадат услови за владеење на правото и правдата. Целокупниот државен апарат вклучително и судовите се ставени во функција на заштита на државно политичкиот врв. Реформи не се спроведуваат и не се работи на создавање основни предуслови за одржување на фер и слободни избори. Најавите за немири од страна на власта, држењето во неизвесност и нападите на СЈО, како и силната манипулативна провладина медиумска кампања, покажува во каков кошмар е Република Македонија. Коалицијата за Промени и правда бара итен договор за излез од кризата и формирање на Реформска - експертска Влада“ - пишуваат во соопштението.
Тие апелираат на достоинствено однесување, без провокации и насилство, а евентуалните обиди за инсценирање судири да се избегнуваат.
