Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани скандираат пред Влада: Оди си Никола!

Граѓани скандираат пред Влада: Оди си Никола!

Незадоволни од последните случувања во македонското здравство и сообраќај, граѓаните денеска излегоа на протест пред Влада.

Демонстраните се организираа преку социјалните мрежи преку два протести. Едниот беше организиран од левичарското движење Солидарност и е под мотото „Доста е“.

Тие бараат одговорност од надлежните за загубените животи по булеварите и болниците.

„Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност?” – прашуваат организаторите на настанот.

Граѓаните од другиот протест именуван како „Граѓани на нозе” бараат одговорност од Владата, пред се од премиерот Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров.

Демонстрантите се споија пред Влада и заедно извикуваа „Оди си Никола“, „Оставка за Тодоров“,„Убијци“и „Стоп за убиствата во собраќајот“.

Слично

Поврзани вести