Граѓаните поставија картонска ограда пред Влада
Група граѓани и активисти од граѓански здруженија, денеска се собраа пред Влада и пресекоа црвена лента пред новата ограда на Владата” вредна 700 000 евра.
Тие поставија и картонска ограда околу Владата со натпис ,,И ние се оградување од вас”.
„АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!Македонија оградена и вечна! За Македонија напреТ! Важно се (о)гради!“ велат од АЈДЕ.
На столбовите од оградата имаше и симболи кои реферираа на аферите кои произлегоа од снимените разговори на владини функционери.
Графитот на убиен човек се однесуваше на смртта на Мартин Нешковски. Маиците со повеќе парцели потсетуваа на парцелите на Водно, а пластичната чаша беше симбол на аферата со прислушувањето.
Слично
