ГРАФИТИ КОН = МЕНГЕЛЕ ИСПИШАНИ НА ЗГРАДАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕ: Нови закани за српскиот епидемиолог
Нови закани кон српскиот
епидемиолог Предраг Кон се појавија утринава, кога осамна графит на на зградата во која живее. Овој пат го споредија со Менгеле, односно беше
напишано: КОН=МЕНГЕЛЕ, што лекарот
видно го вознемири, пишуваат српските медиуми.
Поради низата претходни закани, д-р Кон доби и полициско обезбедување, како заради смртните закани, така и заради бројните навреди. Антиваксерите во Србија упатиле порака дека ќе заврши како Зоран Ѓинѓиќ и дека треба да биде ликвидиран.
И овој пат д-р Кон проговори за грозоморните графити, за кои нагласи дека тие пораки се многу опасни и дека тоа јасен повик за линч.
-Ова е шега за некого. Особено за оние кои гледаат од страна и навиваат. Но, не е шега за мене, ниту за некој кој е припадник на еврејскиот народ. Таа мешавина на антисемитизам што се случува е нешто што не очекував да го видам во Србија, изјави д-р Кон РТС.
Извор и фото: Курир.рс