Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАФИКОН: Колку ќе расте бројката на корисници на паметни телефони?

ГРАФИКОН: Колку ќе расте бројката на корисници на паметни телефони?
Се очекува бројот на корисниците на паметни телефони во САД во 2018 година да достигне 220 милиони. Предвидувањето е направено врз основа на податоци од периодот 2010 - 2013 година. Според statista.com во САД ќе има повеќе од 196 милиони лица со смартфони до 2016 година. Во последниве години, напредокот во телекомуникациската технологија е значителен. Сите се сеќаваме на времињата на мобилните телефони како цигли кои  имаа само една или две функции. Денес веќе можеш да вршиш значителен дел од работата на својот smartphone. Се повеќе се зголемува бројот на носителите на паметни уреди и тоа го менува нивниот начин на живот, а од таму и економијата на целиот свет. До колку корисници достигна оваа револуција денес и колку ќе бидат во блиска иднина? Бројот на носителите на смартфони во САД не престанува да се зголемува и нема изгледи да почне да се намалува наскоро. САД се и водечката земја во светот во однос на усвојувањето на оваа технологија. download Најпопуларните брендови во САД се Samsung и Apple. Најраспространетите оперативни системи се Android на Google и системот на Apple, iOS. Останатите оперативни системи како Symbian, Blackberry OS, Bada и Windows се обидуваат да заземат дел од доминатните iOS и Android на пазарот. Првите паметни телефони се појавуваат на пазарот во почетокот на 90-тите години на минатиот век. Првично за паметен телефон се смета уред што има можност за добивање и праќање на пораки, пристап до интернет, QWERTY тастатура, функција на персонален дигитален систем и можеби вградена камера. Во моментов дефиницијата за паметен телефон е променета и вклучува уште повеќе работи како екран осетлив на допир со висока резолуција, различни апликации, уреди за навигација и брз интернет. Неодамна продажбата на паметни телефони ги надмина оние на традиционалните мобилни апарати и употребата на паметните телефони не престанува да расте. К.К.
Слично

Поврзани вести