ГРАФИКОН: Колку долго чекате на аеродром? Ова се најточните компании!
Секој кој патувал со авион или чекал на аеродром, знае колку е вознемирувачки да чекаш. Точноста на една авиокомпанија понекогаш се покажува како важен фактор при изборот на следниот лет.
Затоа компанијата со седиште во Велика Британија за следење на воздухопловни податоци OAG направи рангирање на најточни авиокомпании во светот за 2014 година. Златото оди кај летонскиот национален превозник airBaltic. Од сите 42 000 спроведени летови импресивни 95% пристигнале на дестинациите во рамките на 15 минути од најавеното време.
Американската Hawaiian Airlines и австриската Austrian airlines доаѓаат на второ и трето место, а нивната точност била соодветна 92,3% и 90%, според истите параметри направени за сите авио компании.
Американските превозници се чувствуваат навредени од недостатокот во оваа листа. Од 20-те најдобри односно точни компании 13 се европски и само 2 се американски. Покрај Hawaiian другата компанија од САД на листата во топ 20 е Alaska Airlines. Таа е рангирана на 12-то место со 88,5%.
Силно присуство во топ 10 имаат и азиските компании. Националните превозници на Саудиска Арабија, Јапонија и Тајланд се на 7-мо, 9-то и 10-то место соодветно.
На листата топ десет, како единствена компанија која лета од аеродромот Александар Велики во Скопје се најде само една, австриската Austrian airlines која е на исклучително високото трето место.
Графиконот подолу ги покажува процентите на летовите кои пристигнале во рок од 15 минути од најавеното време, на најмногу точните авиокомпании во 2014 година.
К.К.
К.К.
Слично
