Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАФИКОН: Колку чини војната против тероризмот?

ГРАФИКОН: Колку чини војната против тероризмот?
Скапите војни станаа американска традиција. Светската "Војна против тероризмот" очигледно не е исклучок од овој тренд. До крајот на финансиската (FY) 2014 година, операциите против тероризмот во Авганистан и Ирак достигнаа вредност од 1,6 трилиони долари, покажуваат собраните податоци од центарот Mercatus, пренесува Congressional Research Center. Кога се земаат предвид и одобрените податоци за финансиската 2015 година, вкупниот износ достигнува 1,7 трилиони долари. Врвот на трошоците за војната против тероризмот беше во 2008 година, а оттогаш се значително намалени. Главниот дел од оваа сума - 1,562 трилиони долари, отишла за Министерството за одбрана (DOD). Споредено со претходните американските воени операции пред терористичките напади од 11 септември 2001 година, сегашните се покажаа исклучително скапи. Значително помал процент од средствата отишол на програмите за помош State Aid и USAID. На трето место доаѓаат различни медицински трошоци, како што се трошоци за лекови, креирање и одржување на болници и плати за вработените. Ако се спореди цената на војната против тероризмот со војната во Виетнам (1955 - 1975 година), резликата е прилично мрачна. Виетнамската војна чинела околу 686 милијарди сегашни долари. grafika vojna Графиконот покажува приближни вредности на финансирањето на различни државни агенции помеѓу 2001 година и 2015 година во милијарди долари. K.K.
Слично

Поврзани вести