Графикон: Кој и колку инвестира во Европа?
Протокот на странски директни инвестиции (СДИ) зборува многу за трговските, социјални и политички односи на одделните држави. Презентираната подолу карта покажува прегледно кој е најголемиот инвеститор во секоја земја на континентот за 2013 година според последните достапни податоци.
Општо земено европските држави добиле најмногу инвестиции од држави од Стариот континент. Исклучоците биле Финска, Велика Британија, Франција и Холандија. За последните три држави тоа е објасниво поради засилените трговски врски со САД, кои се најголемиот инвеститор во нив.
Водечки позиции во однос на СДИ имаат Шведска и Холандија. Шведска има инвестирано најмногу во речиси сите свои соседни држави - Норвешка, Данска, Литванија, Летонија и Естонија. Холандија го држи првото место, а Кралството инвестирало главно во земји од Јужна и Источна Европа - Португалија, Шпанија, Романија, Србија, Хрватска, Казахстан, Германија, Чешка, Словачка и Швеајцарија.
Јапонското присуство во оваа листа се должи на купување на удел од финската компанија Supercell - инвеститорот на популарната игра Clash of Clans. Земјата на изгрејсонцето има инвестирано значителни 1,130 милијарди евра во 2013 година според податоците на Финската централна банка.
Друг интересeн дел од графиконот е Украина. Најголем инвеститор во огромната земја била малата држава Кипар. Островската земја била одговорна за 31,2% од вкупните СДИ, или 15,119 милијарди долари според податоците на украинскиот Државен институт за статистика.
Должни сме да споменеме дека е можно тоа да се должи на фактот дека голем руски капитал се наоѓа во Кипар поради поволното финансиско законодавство.
Според оваа мапа најголем инвеститор во Македонија е Обединетото Кралство, факт кој веројатно се должи на присуството на големите корпорации во зоната во Бунарџик.
Наjголем инвеститор во Грција е Швајцарија, на Косово тоа е Турција, а во Србија и Бугарија тоа е Холандија. Најмногу странски директни инвестиции во Албанија има од Грција. K.K.
Слично
