Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАФИКА: Најпосакуваните градови за живот!

ГРАФИКА: Најпосакуваните градови за живот!
Европското население се пресели на северозапад. Бруто домашниот производ (БДП) во источните земји изгледа расте сериозно, додека провинцијата и помалите градови се празнат за сметка на големите градски средини. Додека јужните земји во Европа продолжуваат да се обидуваат да водат политика на ограничување на трошоците (каде успешно, каде не), медитеранските градови се исто така најбрзо растечките во однос на населението. Ова се само дел од клучните демографски промени, прикажани во неодамнешниот извештај на Bloomberg Philantropies и LSE Cities. Растот на БДП - повеќе на исток? roze Често опишувани како сиромашните роднини на континентот, всушност земјите од Централна и Источна Европа имаат најбрз раст на БДП по глава на жител. Пресметувањето на просекот од податоците за растот меѓу 2003 и 2013 година, покажува дека најбрзо еволуирале Литванија, Молдавија и Албанија. Во овој широк регион големите градови како целина растеле побавно од земјите во кои се наоѓаат. Постојат некои исклучоци на ова правило. Главните градови на Бугарија и Словачка, Софија и Братислава, растеле значително побрзо од целите држави. Во меѓувреме јужна Европа продолжува да се движи (како и Ирска), а второстепените градови како Месина во Италија и Лариса во Грција се особено тешко погодени. Ако студијата ги опфатеше само петте години до 2013 година, најверојатно податоците за падот на БДП ќе беа уште непријатни. Розовата боја на источниот дел на Европа не треба да ни дава лажна претстава за регионот. Да го земеме пример Клуж Напока, Романија - областа има импресивен раст на БДП во последната деценија, а средната вредност е 4,1% годишно. Со него БДП по глава на жител достигна 5 840 евра, што сепак е малку над 10% од оној во Копенхаген со своите 56 100 евра годишно. Иако Истокот се соочува, му останува уште долг пат до крајот. Нема место за младите roze Оваа карта на младинската невработеност покажува некои очекувано полоши места, но и некои изненадувања. Дури и градови, кои генерално се справија доста добро имаат сериозни проблеми со вклучувањето на младите во работната сила. Богатиот Стокхолм има шокантно висока невработеност кај младите од 30%. Постои голема разлика и во одделни градови, посебно во Велика Британија. Тука градови како Шефилд, со невработеност на младите од 35% се само неколку часа пат од Единбург и Кембриџ, во кои младите луѓе наоѓаат многу полесно работа. Големите градови го вшмукуваат населението roze2 Ако големите градови во Европа се зголемуваат, тоа е затоа што тие привлекуваат луѓе однадвор - не само имигранти, но и мигранти од истата земја. Затоа албанската престолнина Тирана се зголеми толку многу. Годишно Тирана забележува раст на населението за 2,8%, додека животната територија се намалува. По Тирана, Лариса и атинското предградие Ахарнес пропорционално најмногу се зголемиле Манчестер, Ултрехт и Брисел. Ниту еден од овие градови не е меѓу најголемите мегаполиси во Европа. Генерално кај нив привлчени се достапните имоти, поради што тие можеби ги претекнуваат многу од најскапите градови како Лондон и Париз. Миграцијата кон северозапад roze Европските градови, кои во моментов имаат најмногу имигранти родени во други земји, се наредени во земјите околу Северното Море и Ла Манш. Лондон може да има најголем број, но најголемиот сооднос е во швајцарскиот град Лозана. Релативно достапниот дел од богатиот регион со ниска стапка на наталитет, вториот град во францускиот дел на Швајцарија всушност привлекува имигранти со децении. Недостатокот на миграцијата кон централна и источна Европа е сериозен проблем за овие земји. Тоа значи дека секој талентиран работник, кој ќе ја напушти (а многумина го прават) е особено тежок за замена. K.K.
Слично

Поврзани вести