Економија, финансии, бизнис

Контакт

Графика на денот: Во кои земји е најскап бензинот?

Графика на денот: Во кои земји е најскап бензинот?

Велика Британија повторно се врати во рангирањето на десетте најскапи места во светот за купување на бензин, откако неговата цена достигна 121 пени за литар, тврди студија на Santander 1 | 2 | 3 Credit Card.

Според анализата на компанијата Велика Британија е на седмото место во рангирањето на месечни трошоци за бензин, како дел од приходите - 9% од приходите, или 145,52 фунти (228,89 долари) месечно. Норвешка е на прво место по овие индикатори, откако нејзините граѓани плаќаат 152 пени за литар и трошат во просек по 182,81 фунти (287,52 долари) месечно за бензин.

Иако цената на литар во Норвешка е највисока за локалните жители, населението во останатите земји одвојува многу поголем удел од месечните приходи за гориво.

najskap benzin3

Во Турција во просек околу 39% од месечните примања на граѓаните одат за бензин, како земја го зазема второто место во однос на ова. Цената на еден литар бензин сепак е повторно речиси највисока во споредба со сите останати, и изнесува 139 пени.

Иако Грција е со најниска цена за литар гориво во статистиката - 116 пени, таа е во првите три по трошоци за бензин како удел од месечните приходи за 24%. Повратен е трендот во Хонг Конг, каде бензинот е релативно скап - 134 пени за литар, но за сметка на тоа населението троши само 9% од месечните приходи за купување на истиот.

Погледнете ја листата:

najskap  benzin2

Слично

Поврзани вести