ГРАФИКА: Кој одвојува најголем процент од БДП за армијата!?
Ниту една земја во светот не се доближува до САД кога станува збор за трошоци за воени активности, пишува Statista. Во 2014 година трошоците на американските војници достигнаа 571 милијарди долари, што е значително повеќе од земјата, која се рангираше на второто место - Кина и нејзините 129,4 милијарди долари.
Сепак, кога ќе ги погледнеме воените буџети како процент од БДП, работите стојат сосема поинаку.
Саудиска Арабија троши повеќе за вооружените сили, отколку кога и да било, а минатата година го зголеми воениот буџет со 17 отсто. Сега буџетот за армијата веќе изнесува 10,4% од БДП на земјата, покажува проценка на SIPRI.
Од своја страна, Вашингтон одвојува само 3,5% од БДП за воени активности.
Еве го и рангирањето на земјите кои одвојуваат најголем процент од БДП за воените потреби:
На првото место е веќе споменатата Саудиска Арабија, а веднаш зад неа познатиот Израел, земја која одвојува сериозни средства за одбраната. На третото место, можеби и очекувано се наоѓа Русија.
Четвртата позиција е за САД, а веднаш зад неа е Индија. Од прикажаното може да се забележи дека ниту една земја од ЕУ не е меѓу првите пет.
На шестата позиција или како земја дел од ЕУ која одвојува најмногу средства за ресорот одбрана е Франција. Ја следат, Турција, Обединетото Кралство, а заедно со Кина и Австралија ја формираат првата десетка на листата.
Обработка: К.К.
Извор: Statista
Обработка: К.К.
Извор: Statista
Слично
