Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГРАФИКА) Кои компании најмногу ќе загубат од влошениот однос меѓу Турција и Русија?

(ГРАФИКА) Кои компании најмногу ќе загубат од влошениот однос меѓу Турција и Русија?

Загубите на руските и турските компании можат да бидат огромни, ако се влошат односите меѓу двете земји.

Русија беше најголемиот увозник на суровини и производи за Турција во 2014 година, надминувајќи ја Кина со увоз од 25 милијарди долари, пишува Bloomberg. Над 12% од туристите во Турција се Руси, што ги рангираше на второто место по Германија.

По соборениот руски авион во сириската територија вчера, рускиот претседател Владимир Путин објасни дека овој инцидент ќе има "сериозни последици". Фунтата и рубљата паднаа веднаш.

Аналитичари и менаџери сметаат дека од влошувањето на руско-турските односи можат да настрадаат следниве компании:

kompanii koi gubat od los odnos ru-tr

Gazprom PJSC Акциите на компанијата паднаа за 4,2% во вторникот во Москва. Турција е вториот најголем пазар на Русија за извоз на гас. Русија планира и гасна врска преку Турција, што ќе го отстрани извозот за Украина. Овие дискусии можат да завршат ако тензиите меѓу Русија и Турција ескалираат, вели Вадим Бит-Аврагим, финансиски менаџер во Kapital Asset Management LLC во Москва.

Rosneft, Lukoil Акциите на компанијата паднаа за 2,9% Турција е вториот најголем пазар на Русија за извоз на гас и земјата се потпира на компаниите Роснефт, Лукоил и Гаспром за да ги задоволи потребите на населението.

Magnitogorsk Iron & Steel OJSC Пад од 1,6% Рускиот производител на челик инвестирал повеќе од 2 милијарди долари во турска фабрика во 2007 година . Тој почна со рабоѕа во 2012 година и може да произведе 2,3 милиони тони челични производи за една година. Руската компанија размислува од 2012 година за продажба на дел од своите средства, но сѐ уште не е постигнат договор.

Turkish Airlines Во септември авиокомпанијата стана најголем превозник, кој опслужил на Русија со 16% раст на патниците во 2015 година. Во оваа година турската компанија превезувала над 1 милион патници, имајќи го предвид зголемувањето на бројот на еднодневните летови до Москва и додавањето на шест нови дестинации .

Sberbank PJSC Пад од 4% Во 2012 година доверителот забележал 21% пад на профитот за третиот квартал. Во јули оваа година Sberbank излезе со план да продолжи присуството во Русија откако е забележан значителен раст.

Слично

Поврзани вести