Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАФИКА: Кои градови имаат најмногу милионери?

ГРАФИКА: Кои градови имаат најмногу милионери?
Последниот извештај на Фондацијата Oxfam покажува дека најбогатите луѓе наскоро ќе поседуваат речиси половина од богатството во светот. Иако постојат некои критики кон методологијата на оваа студија, таа покренува некои важни прашања. Еден од нив е - каде се овие богати луѓе? Според истражувањето на списанието Spear's и консултантската компанија WealthInsight, малото кнежевство Монако им најголема густина на милионери во светот. Добро е познато како омилено место за забава на богатите, речиси една третина од неговите 37 000 жители имаат средства со над 1 милион долари или повеќе (не сметајќи го нивниот основен дом). По Монако следното место каде можете да се судрите со милионер на улицата е Цирих, Швајцарија. 27,34% од населението се милионери. Друг швајцарски град кој зема бронза во оваа листа е градот Женева. Во неа официјално 17,92% од жителите се милионери. Разликата меѓу првите три града и следните на списокот е значајна. Њујорк е на четвртото место со 4,63% од населението. Финансиската престолнина на Германија Франкфурт го зазема петтото место со 3,88% милионери. На графиконот може да видите кои се 15-те градови во светот со најголем процент милионери: download К.К.
Слично

Поврзани вести