Графика: Како изгледаат долговите на Грција?
Уште со своето предизборно ветување да ги притисне европските кредитори на Грција, за да договори подобри услови за спасувачките заеми на земјата, премиерот Алексис Ципрас силно ги потресе пазарите, потсетува Economist.
Неколку месеци откако владата на неговата партија СИРИЗА дојде на власт, како грчките банкарски депозити, така и приносот на државните обврзници кои беа стабилни при претходната влада, се движат во погрешна насока. Банкарските депозити ја достигнаа најниската вредноста од 10 години, како во февруари биле само 140,5 милијарди евра. Во исто време приносот на 10-годишните државни хартии од вредност се зголемил за 45 базични поени до 12,18%, што е највисока вредност за последните две години.
Преговорите со доверителите продолжуваат, но во меѓувреме владата на Грција, предупредува дека ако не успее да ја договори зделката за деблокирање на последната транша од спасувачкиот заем до крајот на април, нема да успее да ги отплати своите обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со рокот во мај и јуни, кој изнесуваат 2,5 милијарди долари.
Слабата грчка економија е силно расклатен од позадината на политичката несигурност. Грчките банки се принудени да се потпираат на итни финансии од Европската централна банка (ЕЦБ). Даночните приходи се намалија уште пред изборите во јануари, а фискалната позиција на земјата значително е влошена.
Последните податоци покажуваат дека грчката економија може повторно да западне во рецесија. Во меѓувреме се поставуваат големи сметки за плаќање. Според условите на однапред договорена зделка Грција треба да добие уште 7,2 милијарди долари финансиска помош, со кои ќе ги отплати кредитите и внатрешните обврски. Но европските лидери не се подготвени да ги деблокираат овие средства, пред да бидат сигурни дека државата ќе ги почитува ветените структурни реформи.
Не е јасно колку точно е финансискиот дефицит на владата. Јавниот долг на Грција изнесува речиси 180% од бруто домашниот производ (БДП).
Благодарение на дарежливите услови на кредитите кои земјата ги добила, вклучувајќи ги долгите рокови за отплата и ниски каматни стапки, трошоците за сервисирање на долгот како процент од БДП се всушност пониски од оние на многу други земји во еврозоната.
И сепак додека Грција агресивно скратува некои компоненти на државните трошоци, таа не прави речиси ништо за да се справи со најголемиот фискален неред: исклучително великодушниот пензиски систем. Само за април Владата должи 2,4 милијарди евра за пензии и плати на државната администрација, што може да предизвика владеачите да избираат меѓу доверителите и гласачите.
Отплата на планот на Грција може да биде продолжен до 2050 година, но пазарите се загрижени дека земјата може да не преживее дури до летото.



