Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГРАФИКА) Индекс за финансиска стабилност на банкарскиот систем на Македонија

(ГРАФИКА) Индекс за финансиска стабилност на банкарскиот систем на Македонија
Finance Think го изработи и публикува Индексот за финансиска стабилност на банкарскиот систем на Македонија за период 2006:К1 до 2015:К2. Целта на индексот е да ја мери тековната стабилност и да прави споредба на стабилноста во однос на претходните периоди. Индексот ги вклучува главните ризици: адекватност на капиталот, квалитет на актива, профитабилност, каматен и ликвидносен ризик на банките. Движењето на индексот во нагорна линија укажува дека стабилноста на банкарскиот систем се зголемува, и обратно. indeks До 2008 година индексот покажува висока стабилност на банкарскиот сектор, водена од стабилноста на сите подиндекси: ниско ниво на нефункционални кредити и висок квалитет на активата, висока профитабилност, ликвидност и адекватност на капиталот и мал каматен ризик. Како резултат на негативните последици од глобалната финансиска и економска криза, стабилноста на банкарскиот систем се намалуваше се до третиот квартал во 2010 година, после што следи тренд на зголемување. Во 2014 година, стабилноста на банкарскиот систем бележи намалување во вториот и третиот квартал од годината во однос на првиот квартал. Намалувањето е главно поради зголемувањето на нефункционалните кредити и влошувањето на квалитетот на активата и благо намалување на адекватноста на капиталот. indeks2 Финансиската стабилност на банкарскиот сектор се зголемила во вториот квартал од 2015 година. Освен ликвидносниот ризик, кој имаше благо влошување, сите останати ризици имаа подобрување во однос на првиот квартал. Ликвидносниот ризик се зголеми како резултат на намалената ликвидност на банкарскиот сектор поради забавениот раст на депозитите.  Профитабилноста имаше најголемо подобрување главно како резултат на намалувањето на депозитните каматни стапки. Адекватноста на капиталот и квалитетот на активата имаа благо подобрување. Сепак, кај дел од индустриските сектори постои раст на нефункционалните кредити, што ја наметнува потребата за редовно следење и преземање навремени мерки. Истовремено постои забрзан раст на кредитната активност на потрошувачките кредити, што го зголемува акумулирањето на ризиците и потребата за повнимателна селекција.    
Слично

Поврзани вести