Графикa: Дали е навистина продуктивен 8-часовниот работен ден?
Работен ден со времетраење од 7 часа или помалку е повеќе продуктивен, сметаат Американците. Тоа го открива новото истражување на „YouGov“, цитирано од „Statista“.
Вкупно 52% од испитаниците во истражувањето сметаат дека најмногу продуктивно времетраење на денот во канцеларијата е под седум часа. 15% пак сметаат дека се најпродуктивни тие кои работат во рамките на шест часа, а според 5% најсоодветно е работниот ден да е подолг од 5 часа.
Американците работат во просек по 8,7 часа секој ден, со што прават 1788 часа годишно. Иако оваа бројка можеби изгледа премногу голема, Американците работат помалку во споредба со другите развиени земји од гледна точка на просечниот број годишни и работни часови. Мексиканците и Јужнокорејците работат соодветно 2237 и 2163 часа годишно.
Неодамна, пак, беше соопштено дека Шведска преминува на 6-часовен работен ден. Причината за намаленото работно време е потребата од подобро усогласување на приватноста со работата. Идејата тргна прво од приватниот сектор, а првата фабрика која го почна трендот е „Toyota“, а дури потоа државата ја презеде регулацијата.
Што мислите вие кое равботно време е најкорисно за граѓаните?

