Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градските власти во комунална офанзива: ова се правилата што сите ќе мора да ги почитуваат!

Градските власти во комунална офанзива: ова се правилата што сите ќе мора да ги почитуваат!
Со низа правила градските власти ќе го регулираат комуналниот ред во главниот град. Со новата Предлог Одлука за комунален ред е опфатено уредувањето на населбите во градот, уредувањето, одржувањето, чистењето и користење на парковите, зоолошки градини, зелените и рекреативни површини и парк шумите,одржувањето и користењето на јавните површини,отстранувањето на противправно поставени и оставени предмети, услови за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти, начинот за одржување на чистота во дворни места, места на колективни и индивидуални станбени објекти, начинот на одржување и чистење на одводни отворени канали, мерки за спроведување на одредбите од одлукатa. За предлогот советниците ќе дебатираат на утрешната седница на на Советот на Градот. - Посебна потешкотија претставуваше пропишувањето на “уредувањето на населените места“ .Во таква ситуација, кога не е сосема јасно што е тоа што може и треба да се пропише посебно и самостојно во одлука за комунален ред во врска со уредувањето на населените места, беа искористени искуствата и регулативата на други главни градови (Загреб, Белград), се разбира, водејќи сметка за нивно прилагодува-ње на нашите услови, стои во образложениетоод Градот Скопје. Еве дел од правилата за спроведување на комуналниот ред во Скопје Надворешни делови на објекти Во делот за уредување на населбите спаѓаат надворешните делови на објектите, површините околу објектите, оградите, зеленилото,јавните површини, објектите на комуналната инфраструктура и урбаната опрема поставена на нив, како и на слични површини, градби, уреди и опрема. Според новите правила надворешните делови од објектите, односно фасадата, олуците, терасите, прозорците и друго, треба да бидат чисти уредни. Се забранува нивно оштетување, цртање, лепење на плакати и се друго што би го уништило изгледот на надворешниот дел на објектот. Граѓаните кои имаат тераси или пак дворни места кои имаат поглед кон улица или плоштад не смеат да   поставуваат направи за сушење на алишта, да простираат алишта, постелнини, завеси, теписи и стари предмети. Дозволено е чување на саксии со цвеќиња но само ако не ја загрозуваат безбедноста на околинта. Сопствениците на објектот треба да се грижат за одржување и заштита на надворешните делови на објектот, но и за изгледот на фасадата на објектот. Освен што не треба да се оштетуваат, дозволено е украсување  на фасадите со мозаик ,слика и цртеж но со само доколку за тоа е издадена дозвола. Истото важи и за поставување на рекламните паноа на фасадите на објектите, кои според својата содржина, израз и порака, не смеат да го повредуваат моралот на луѓето, а според својот облик, димензија, материјал и боја мораат да се вклопат во постојното опкружување и не смеат да ја загрозуваат сигурноста и безбедноста во сообраќајот. Дворни места Правила има и за дворовите. Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено, сушење на алишта, тревата да биде повисока од 10 см, да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето. За тие што нема да ги почитуваат правилата, предвидена е парична казна. Излози на деловни објекти Изгледот на излозите на деловните простори во објектите и витрините што служаат за излагање на стоката, мораат да бидат технички и естетски обликувани на начин да се усогласени со изгледот на објектот и околината, соодветно осветлени, да се аранжираат и да се одржуваат во уредна и чиста состојба.Со новите правила е забрането испишување на пораки и реклами на излогот, освен оние со кои се истакнуваат привремени известувања во врска со намалувањата на цените или се рекламира сопствената фирма или нејзин производ односно услуга. Исто така забрането е да се изложува стока пред влезната врата на деловниот објект,доколку за тоа нема одобрување на од Градот. Уреди на објекти Посебни правила се пропишани и за клима уреди, антенски и соларни уреди, уреди за видео надзор. Тие треба да бидат поставени видливо на надворешен дел од објект, на места предвидени за таа намена според техничката документација за објектот. При тоа клима уредот треба да се постави на начин  така да се оневозможи излевање на кондензатот од уредот на надворешните делови на самиот објект или на соседен објект, и директно излевање на јавна површина. Огради Сопствениците на оградите на површина околу објект или на неизградено градежно земјиште што е со поглед кон улица или плоштад, се должни да ја одржуваат оградата уредна, ако има украсни цвеќиња редовно да ја кастрат, да нема бодликава жица, и да внимаваат стилски да се вклопува во околината. Посебни правила се предвидени во делот за уредување и користење на парковите, зоолошките градини, парк шумите.  На јавните зелени површини забрането е напасување на добиток, корнење на плодови, палење оган, кинење цвеќиња,сечење дрва и друго. Јавни површини Според новите правила за комунален ред, ќе се отсранат сите предмети кои се поставени и оставени на јавни површини без одобрение од градоначалникот на Скопје. Тука спаѓаат ротационите сталаци за продажба на весници, ЦД, колички за продажба на брза храна, крофни, пуканки, костени,  пченки, подвижни реклами, плакати и соопштенија со огласи, мобилни тоалети и друга урбана опрема. Со новите правила на јавните површини е забрането да се цртаат или пишуваат реклами ако за тоа нема дозвола од Градот. Исто така забрането е движење на возила по тротоари или пешачки патеки, пасење стока, оставање на градежен материјал, предмети и разновиден отпад. Посебни правила се пропишани за градилиштата но и за сопствениците на домашни миленици. Па така збрането е напојување на животните од чешмите и фонатните, сопствениците треба да внимаваат да го чистат изметот од нивните миленици, забрането е да се пушти куче од поводник во близина на училиште, дестки игралишта и цветни површини. Сопсвтеникот може да го пушти кучето од поводник во парк и на друга јавна зелена површина, но во временски период од 22,00 до 08,00 часот наредниот ден во период на летно сметање на времето, односно од 22,00 до 09,00 часот наредниот ден во период на зимско сметање на времето. Строго е забрането внесување на домашните миленици во објекти за храна, верски објекти, државни институции, училишта. Домашни миленици Со новиот предлог за комунален ред е уредено и чувањето на домашните миленици. Домашните миленици мора да се чуваат на начин да не го попречуваат утврдениот куќен ред ,  мирот и сигурноста на граѓаните. Доколку некои од граѓаните на една станбена зграда со заеднички двор,  сака да храни кучиња скитници, за тоа треба да добие дозвола од мнозинствот станари и корисници на дворот. Куче кое се чува во двор, се чува во посебен објект. Објектот за чување на куче мора да биде оддалечен најмалку 3 метри од најблискиот станбен или дело-вен објект на соседната парцела и од регулационата линија на јавната површина. Од Градот образложуваат дека,  доколку сопствениците на домашните миленици не се придржуваат на одредбите од оваа одлука, нивните  миленици ќе се третираат како животни скитници и кон нив ќе се примени постапката за заловување. Комуналните инспектори на Градот Скопје ќе бидат задолжени за вршење надзор. Од Градот образложуваат дека за спроведување на оваа одлука се предвидени пари од годинешниот буџет, но  и  тригодишните развојни планови . Ј.С  
Слично

Поврзани вести