Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градски паркинг лани остварил ќар од речиси половина милион евра!

Градски паркинг лани остварил ќар од речиси половина милион евра!
Минатата година градот инкасирал речиси двојно повеќе пари од наплата на паркинг услуги, отколку од наплата на автобуски билети. Паркинзите со кои менаџира градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски – лани заработиле 425 илјади евра. Ова го покажуваат официјалните податоци за добивката на Градски паркинг за минатата година. Тоа значи дека месечно Градски паркинг имал добивка од околу 35 416 евра или дневно 1.180 евра. За разлика од добивката на Градски паркинг, речиси двојно е помала добивката на ЈСП Скопје. Односно, Јавното сообраќајно претпријатие минатата година, остварило нето добивка од 228.200 евра (14.035.811 денари). Односно, месечната добивка на ЈСП Скопје била 19 000 евра, или дневно по  633 евра. Според предлог одлуката на Град Скопје оваа добивка ќе се распореди за покривање на дел од акумулираната загуба. За разлика од овие две јавни претпријатија каде е регистрирана добивка, во ЈП Паркови и зеленило лани забележале загуби. Односно лани ова Јавно претпријатие имало загуба после оданочување во висина од 434 илјади евра ( 26.698.855 денари). Според одлуката на Град Скопје – оваа загуба ќе се покрие во 2014 година од акумулираната добивка до рпетходните години. Лани, добивка имало и Јавното претпријатие Водовод и Канализација, кое е под капата на Град Скопје. Според податоците, добивката на ова јавнот претпријатие изнесува 25.500 евра (1.571.658 денари). Годинава ЈП Комунална хигиена од Буџетот на Град Скопје ќе добие нешто повеќе од 35 илајди евра како субвенции за поставување подземни контејнери,а инаку ова Јавно претпријатие лани заврши со добивка за финансискта година од околу 41 илјада евра.
Слично

Поврзани вести