Градска куќа година и пол чека внатрешно уредување, а чини 18 милиони евра
Град Скопје го објави тендерот во втор обид за внатрешно уредување на Градска куќа, помеѓу скопското Кале и реката Вардар, инаку објект од проектот „Скопје 2014“ кој започна да се гради во 2011.
Инаку зградата во која треба да се смести администрацијата на Град Скопје за изградбата чинеше 18 милиони евра, но за ентериерно уредување чека година и пол дена. Првично, претходниот градоначалник Коце Трајановски го стопирапе поради немање доволно средства, а потоа новиот управител на Град Скопје, Петре Шилегов, минатат пролет изјави дека се надева дека службите и градскиот совет ќе се преселат до крајот на оваа година, но ниту тоа не се оствари, а првиот повик за внатрешно уредување беше поништен.
Основниот проект за канцелариското уредување е проценето дека ќе го чини градскиот буџет околу 1,4 милиони денари. На почетокот од јануари ќе се знае проектантот што ќе го подготви основниот проект, кој ќе треба да се заврши во рок од 30 работни дена.
Новото седиште на градската администрација е на површина од 1.274 квадратни метри. Ќе има 6 ката, три подземни нивоа наменети за паркинг. Објектот се гради по идејно решение на Иван Кокалановски и Борче Стојковски. Во неа ќе биде сместена градската администрација, градоначалникот на Скопје, како и даночните одделенија и архивата на Град Скопје.
