Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градот Скопје го продолжи рокот за пријавување интерес за раководни функции

Градот Скопје го продолжи рокот за пријавување интерес за раководни функции
Рокот за пријавување интерес за раководни функции во Градот Скопје е продолжен за еден месец - до 25 август. Од Градот појаснуваат дека продолжувањето е од причина што во тек се летните одмори. Огласот се однесува на вкупно 16 раководни позиции во Градот Скопје, една раководна позиција во Противпожарната бригада на Град Скопје, 5 раководни позиции во културните установи на Град Скопје и 36 раководни позиции во јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Градски паркинг“, „Водовод и канализација“ и ЈСП. Градот Скопје ги повикува сите заинтересирани кандидати кои имаат соодветно образование, кои поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, кои се подготвени за тимска работа и сакаат да се надградуваат да се пријават на овој оглас и да го искажат својот интерес. „Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат законските услови за позицијата за која аплицираат ќе бидат повикани на интервју, дел од нив ќе бидат повикани и на тестирање и нивните податоци и препораки ќе подлежат на проверка. Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно работно искуство и соодветно образование за преостанатите позиции, а за позициите во администрацијата на Град Скопје потребно е и повеќегодишно искуство во државна служба, да ги поддржуваат политиките на Град Скопје во областа за која се пријавуваат, да ги исполнуваат законските услови за позицијата за која се пријавуваат, како и задолжително да го познаваат англискиот јазик“, тврдат од Градот. Меѓутоа се нагласува дека овој оглас претставува Оглас за пројавување интерес, а не Оглас за вработување и истиот не е законска обврска на Град Скопје, но е распишан со цел да се даде можност на што поголем број искусни и мотивирани луѓе, да ги покажат своите квалификации.
   
Слично

Поврзани вести