Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Жерновски ја разреши директорката на училиштето со затруени ученици

Градоначалникот Жерновски ја разреши директорката на училиштето со затруени ученици

Поради нехигиенските услови во училиштето ,,11 Октомври” во Скопје, со кои се загрозило здравјето на учениците, денеска беше разрешена директорката Даниела Костадинова.

Решението за разрешување го донесе грагоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој одговорноста му ја препиша на Костадинова.

Тој оцени дека директорката како одговорлно лице го занемарила правилното раководење на училиштето и придонела кон нарушување на хигиенската состојба, а со тоа и врз загрозувањето на здравјето на учениците.

Од друга страна пак, Костадиновска се противи и вели дека Жерновски ниту ја поставил, ниту може да ја разреши.

– Јас на ова место сум поставена со решение од Министерството за образование. Како може решението на Општината да е поголемо од она на министерот. Сепак, чекам и официјално до мене да стигне допис, па потоа ќе одлучам како ќе реагирам –изјави Костадинова за ,,Мета”.

Инаку, родителите на затруените деца, пред една недела отидоа кај директорката и се жалеа на условите во училиштето. Тие рекоа дека секоја година мака мачат со како што велат, мизеријата во која учат нивните деца.

Слично

Поврзани вести