Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Села ќе ги забранува Струшките вечери на поезијата?!

Градоначалникот Села ќе ги забранува Струшките вечери на поезијата?!
Гостите пристигнаа, беше засадено дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко, но и годинава проблеми ги следат Струшките вечери на поезијата, 52-те по ред. Имено градоначалникот на Струга, Зијадин Села најави дека до година ќе ја забрани манифестацијата ако на неа не се испочитува Законот за употреба на јазиците од страна на раководството. Посочи дека и лично тој ќе го бојкотира фестивалот, бидејќи на официјалното отворање, говорите не се читаат и на албанскиот јазик. На ова реагираше Советот на Меѓународната поетска манифестација, која ваквите тврдења ги смета за  тенденционзни неточни, паушални и неосновани. Оттаму велат дека за сите официјални обраќања и говори на гостите на фестивалот е обезбеден  превод на македонски, албански и англиски јазик, а преведен е и целокупниот информативен материјал околу организацијата на фестивалот. „Сметаме дека ваквите неосновани обиди, да се фрли сенка врз најреномираниот поетски фестивал, кој цели 52 години претставува празник на  светските поетски дострели, воопшто не му одат во прилог на  меѓународниот углед на фестивалот, домаќинот - градот Струга  и  Република Македонија воопшто. Се надеваме дека градоначалникот Села, ќе ја согледа неоснованоста на својата одлука за бојкот и како добар домаќин  ќе ги преземе сите потребни активности со кои ќе придонесе за што поуспешна реализација на  52-те Струшки вечери на поезијата на кои учествуваат над 50 реномирани поети од целиот свет и кои на градот Струга му донесоа светска слава“, стои во соопштението на Советот на Струшките вечери на поезијата.
Слично

Поврзани вести