Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Зубин Поток го испонавреди Тачи пред медиумите

Градоначалникот на Зубин Поток го испонавреди Тачи пред медиумите

Градоначалникот на местото Зубин Поток, Стеван Вуловиќ, рече дека ако претседателот на Косово, Хашим Тачи, следниот пат кога дојде ненајавено во северниот дел на Косово и Метохија ", ќе биде во можност да влезе", но не гарантира дека "со сигурност ќе биде во можност да излезе" и ја оцени посетата на браната и езерото Газивода како класична провокација.

Местото се смета за стратешко за опстанок на косовските Срби, бидејќи таму има централа со голема можност на производство на струја. Вуловиќ во текот на целиот настап пред медиумите го ословуваше Тачи со зборовите „ѓубре“, „бараба“ и „криминалец“.

Вуловиќ по повод денешните настани на езерото Газивода, рече дека косовските безбедносни единици не почитувале „ниту една одлука и пристигнале без согласност на меѓународната заедница и српскиот преговарачки тим."

Тој тврди дека косовските безбедносни сужби (РОСУ) постојано ги вперувале ценките од автоматските пушки кон минувачите во близина на езерото Газиводе. 

Слично

Поврзани вести