Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Пустец на распит кај истражен судија

Градоначалникот на Пустец на распит кај истражен судија

На барање на Специјалното јавно обвинителство, градоначалникот на Пустец е изведен а распит пред судија за предистражна постапка.

Едмонд Темелко е еден осомничените во случајот „Титаник” за злосторничко здружување со цел местење на изборите, кој утрово беше приведен поради опасност од бегство, бидејќи има двојно државјанство.

За него постои сомневање дека бил организатор на издавање на лични карти и спроведување на лицата од Пустец да гласаат во Македонија

По распитот, судијата на предистражна постапка ќе треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор на осомничениот градоначалник, како што побара Специјалното јавно обвинителство.

Во првиот случај „Титаник”, специјалното јавно обвинителство побарало притвор за уште седум лица.

Меѓу нив се и поранешните министри за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се осомничени како сторители на кривични дела во текот на изборите и гласањето.

Ексминистерка Јанкулоска, исто така во моментов со своите адвокати е во Основниот суд Скопје 1, каде чека да биде изведена пред истражен судија, објави Телевизија Шења.

Слично

Поврзани вести