Градоначалникот на Букурешт е уапсен под сомневање за земање поткуп
Единицата за антикорупција во Романија го уапсила доцна синоќа градоначалникот на Букурешт, Сорин Опреску под сомнение за земање поткуп. Според информациите на агенцијата највлијателниот во Романија прифатил поткуп од 25 илјади евра.
Од обвинителството посочуваат дека во периодот 2013 - 2015 година компаниите кои имаат договори со општината во Букурешт, биле обврзани да плаќаат до 70% од својата добивка од проектите на високите функционери. Околу 10% од нив оделе директно за Опреску.
Градоначалникот на Букурешт бил уапсен малку по полноќ, а подоцна судот ќе оцени дали тој ќе остане во притвор.
63-годишниот Сирин Опреско е градоначалник на Букурешт од 2008 година. Во 2009 година тој беше кандидат за претседател на Романија, потсетуваат агенциите.
