Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЗЛАТАРНИЦА СО МЛАДА КОЛЕШКА - еве кое е нивното објаснување

ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЗЛАТАРНИЦА СО МЛАДА КОЛЕШКА - еве кое е нивното објаснување

Градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, бил снимен во златарница во Загреб со неговата млада колешка Наталија Прица, претставник на неговата партија во Градското собрание, пишува Индекс.хр и објавува фотографии.

Како што објави Индекс.хр ипретходно, на први декември, Бандиќ и неговата колешка гледале бунди во продавницата за крзно во Загреб, токму на нејзиниот роденден. Во тоа време, Бандиќ не сакал да ја коментира посетата на продавницата за крзно, а Прица изјавила дека всушност „таа и Бандиќ биле во посета на занаетчиите“.

Сега, пак, излегува фотографија на која тој е со неа во златарница. Според информациите со кои располага Индекс.хр, фотографијата на Бандиќ и Прајс не е постара од десет дена.

На неа се гледа градоначалникот и неговата колешка на шалтерот на златарницата Јосип Палиќ во центарот на Загреб.

Индекс испратиле прашања до канцеларијата на Бандиќ и до Наталија Прица за тоа зошто отишле во златарницата, колку долго престојувале таму, дали купиле нешто и на чиј трошок, како и зошто Бандиќ баш со оваа колешка ја посетил златарницата и продавницата за крзно.

Одговорила само Прица.

„Со градоначалникот, како и со другите колеги од владата и собранието, редовно ги посетувам занаетчиите во Загреб за да добијам информации од прва рака за проблемите со кои се соочуваат во овие кризни периоди и да им дадам поддршка“, рече Прица во својот одговор до Индекс.

Откако ја прашале дали не е невообичаено градоначалникот и таа да ги посетуваат занаетчиите доцна попладне и навечер и дали таа и Бандиќ купиле нешто или само разговарале со занаетчијата Палиќ, таа го дала следниов одговор. 

„Последнитв недели, заедно со градоначалникот и други колеги од општината, посетив десетина загрепски занаетчии и не би издвоила никого особено. Како што знаете, моето работно време трае цел ден и не водам сметка за часовите и минутите поминати на терен. Со задоволство купувам од загрепските занаетчии, со цел да им помогнам и на тој начин, но тоа е моја приватна работа и нема никаква врска со мојот ангажман во Собранието“, рекла Прица.

Извор и фото Индекс.хр

Слично

Поврзани вести