Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежните фирми нема да може да добиваат кредити од парите од Европската инвестициона банка

Градежните фирми нема да може да добиваат кредити од парите од Европската инвестициона банка

Каматите по кои малите и средните препртијатија ќе ги добиваат поволните кредити од Европската инвестициона банка преку комерцијалните банки ќе бидат по каматна стапка од 1,6 отсто.

Директорот на Развојната банка Кире Наумов вели дека каматната стапка на овие заеми за фирмите кои се крајни корисници може да биде и пониска, но не смее да надмине 1,6 проценти. 

Максималниот износ на кредитите што ќе бидат за инвестиции се до три милиони евра и рок на отплата до 12 години, со грејс период од две години, додека кредитите за ликвидност, односно за обртни средства максимално ќе можат да тежат до 666 илјади евра, со пет години рок на отплата и 6 месеци грејс период. 

Наумов обелодени дека овие кредити нема да можат да ги користат компании од одредени дејности, како што е на пример градежништвото, кои сппоред Европската инвестициона банка се класифицирани во жолтата зона. 

Инаку, Наумов објасни дека од 100 милиони евра првично ќе бидат повлечени 50 милиони евра, но неофицијално има информации дека интересот за овие кредити е огромен, и дека овие 50 милиони евра веднаш ќе се потрошат, па ќе се оди на повлекување и на преостанатите 50 милиони евра. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими заедно со потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го потпишаа договор за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија.

Договорот се потпишува меѓу Владата на Северна Македонија и Европската инвестициска банка. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести