„ГРАДЕЖНИШТВОТО СО УШТЕ ПОСИЛЕН РАСТ ОД ПРВИОТ КВАРТАЛ“: Николоски се огласи на социјалните мрежи
По објаата од Државниот завод за статистика дека има нов раст на Бруто-домашниот прооизвод за 3,4 проценти, со свои изјави се огласија и првите луѓе во земајва.
По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, денес се огласи и министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
- Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија - во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3,4 проценти. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија!
Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7,3 отсто, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7,1 процент, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6 отсто.
Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт.
Ја градиме Македонија - напиша вицепремиерот Николоски.
Фото: Принскрин/Фејсбук
