Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДЕЖНИКОТ ВО ФАРМАЦИЈАТА: Азманов со Настел влезе во Реплек, плати над 2,5 милиони евра

ГРАДЕЖНИКОТ ВО ФАРМАЦИЈАТА: Азманов со Настел влезе во Реплек, плати над 2,5 милиони евра

Компанијата Настел на бизнисменот Зоран Азманов влегува во Реплек.

Друштвото објави денеска дека сега Настел поседува над 5 отсто од обичните акции односно дека компанијата Настел ДООЕЛ Скопје се стекнала со вкупно 1.543 обични акции или 5,95 отсто.

МИнатата недела на берза поминаа две блок трансакции со акции на Реплек. Во првата, од 14 јули истргувани се 1.000 акции, а купувачот за сите плати 100 милиони денари односно 100.000 денари по акција. На 16 јули помина блок трансакција од 500 акции за 101.000 денари за една, или вкупно 50,5 милиони денари. Вкупно акциите вредат речиси 2,5 милиони евра.

Со дополнителните акции кои ги поседува над овие 1.500 акции, впрочем тој платил повеќе од 2,5 милиони евра за да влезе во ова друштво.

А.Т. 

Слично

Поврзани вести