Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежник од Македонија се заклучил во скривница за да не го фатат без работна дозвола во Штутгарт

Градежник од Македонија се заклучил  во скривница за да не го фатат без работна дозвола во Штутгарт

Градежен работник од Македонија бил откриен од финансиската контрола во Штутгарт како се крие заглавен во скривницата од објектот на кој работел за да не го фатат без работна дозвола, објави Presseportal, а веста ја пренесе Ди Велт.

Царинските службеници направиле контрола на градилиште во Ландхаусштрасe, каде што петте работници, меѓу кои четворица од Србија, биле ангажирани на внатрешното уредување во станбена зграда. Додека траела обиколката низ зградата, службениците во подрумот откриле заклучена врата во засолништето за воздушни напади. Со помош на метална цевка, цариниците конечно успеале да ја отворат вратата од собата. Во просториите на подрумот, полицајците наишле на четири Срби и Македонец кои носеле работна облека и очигледно работеле во зградата додека не пристигнал одделот за финансиска контрола. 

Бидејќи на мажите не им било дозволено да работат во Германија, тие биле привремено уапсени од страна на царинските службеници под сомневање за нелегално работење и биле предадени на полицајци во станицата Остендстразе. Работниците признале за време на сослушувањето дека отпатувале во Германија за да заработат. Еден од мажите, исто така, изјави дека тој ја турнал рачката на вратата од засолништето со рака за да спречи контрола на просторијата. „Илегалците“ веднаш ќе мора да ја напуштат Германија. Против работодавецот, изведувач на градежни работи во Штутгарт, ја започната е постапката поради нелегално вработување на странци.

Слично

Поврзани вести