Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежниците велат дека Богдановиќ го измислил мораториумот

Градежниците велат дека Богдановиќ го измислил мораториумот

Градежната комора смета дека мораториумот за времено запирање на градбата, кој по нивна иницијатива беше прогласен за неважечки од Уставен суд, сметаат дека е измислен од градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и дека не постои таков акт како институт во правото.

Управниот одбор на Градежната комора одлучи да не ја повлекува поднесената иницијатива до Уставен суд. Ова го потврди Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора, 

– Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален  урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото, рече Јаќимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Вели дека од општина Центар 15 месеци не им дозволиле да објаснат дека, како што вели Јаќимовски, ниту во Законот за просторно урбанистичко планирање, ниту во Уставот, не постои терминологија мораториум и запирање.

Општина Центар го прогласи мораториумот на крајот на 2017 година со доаѓањето на новото раководство во наурбанизираната локална самоуправа. СО актот беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-плански документации од деталните урбанистички планови.


Слично

Поврзани вести