Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежниците решени да го забарикадираат Центар, ќе поднесат нова иницијатива до Уставен

Градежниците решени да го забарикадираат Центар, ќе поднесат нова иницијатива до Уставен

Ниту втората одлука за прогласување мораториум, со која Деталните урбанистички планови (ДУП) кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), нема да се применуваат, не ги поколебува градежниците и тие се упорни во нивната намера да ги извадат градежните дозволи.

По одлуката на Уставен суд привремено да го прогласи мораториумот за неважечки, градоначалникот Саша Богдановиќ вчера објави дека е донесен повторно ист таков и на тој начин нема да им се даде време на инвеститорите да ги извадат дозволите. Со оваа одлука претркан е Уставен суд пред да се донесе конечното решение.

„Со оваа нова одлука престанува да важи последната одлука за мораториум која беше донесена на 13 декември 2018 година. Сега Уставен суд нема потреба да расправа дали таа е уставна или не, бидејќи не важи“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општина Центар, која беше свикана откако на 20 март. Новата одлуката беше изгласана со 16 гласови „за“, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Адвокатот Александар Михајловски кој ја застапува адвокатската комора веднаш изјави дека ќе се направи правна анализа и ќе се испрати ново барање до Уставниот суд.


-Ќе пратиме барање до Уставниот суд за оваа одлука. Мислиме дека Општина Центар има излезено од нивните ингеренции. Тој Детален урбанистички план е во сила, поминал низ филтерот на десетина институции - рече Михајловски во студиото на 1ТВ.

Тој додаде дека мораториумот како акт е замислен како привремено решение, а 15 месеци општина Центар не мрднала од „мртва точка“ по ова прашање.

- Тоа е идно неизвесно време кое нема рокови и ја нарушува правната сигурност. Доколку треба нешто да се измени, нека реагира општината, но тоа да не биде на ничија штета, додаде Михајловски.

Тој вели дека без градба во Центар цената на метар квадратен ќе поскапува, но ќе има и други економски реперкусии.

На иницијатива на комората на 20 март Уставниот суд донесе одлука да се стопира мораториумот за градба во општина Центар, додека не се одлучи дали тој е уставен и законски.


Слично

Поврзани вести