Градежници откриваат која е темната страна на работата во Малта
Неколку работници Срби за српските медиуми раскажуваат дека е тешко да се работи во Малта и дека се експлоатирани.
Српски работник чие име на се открива објаснува дека на градилиштето работи со 2-3 други колеги иако за да се заврши работата се потребни 15 работници и опрема.
Тој објаснува дека десетина работници се експлоатирани од повеќе градежници кои земале работа на големи објекти, а немаат капацитет да ја завршат.
На работниците им се закануваат со нелегални казни, ако во предвидениот рок не ја завршат работата.
„Тоа е проблемот. Ни даваат половина плата, а кога ќе прашаме зошто, велат дека тоа е заради доцнење на работите“ - вели работник.
Оние кои требало да добијат 1200 евра месечно, земале по 700 евра.
Многу од работниците се плашат да проговорат и се плашат од одмазда.
