Градежна дозвола од општините се чека 220 денови, вели Јаќимовски
Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија вели дека наместо 25 дена колку што е законскиот рок за градежна дозвола од општините се чека 220 денови.
Тој ова го истакна на денешната средба со
министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Вели дека во 2020 година, посочи, треба да се дозволи приватниот сектор да може да инвестира со цел придвижување на градежништвото. Јаќимовски апелираше општините да ги почитуваат роковите
предвидени во законите за градење и за урбанистичко и просторно
планирање, градоначалниците да ги контролираат секторите за
урбанизам, а Министерството за транспорт и врски како надлежно
доколку има потреба и да ги одземе ингеренциите.
Со предложениот закон за легализација се опфатени дивоградби
изградени до 1 октомври годинава, со исклучок на тераси, доградби и
надградби во станбени згради, како и заштитените области во
Охридскиот регион согласно со препораките од УНЕСКО.
