Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежни работи на фасадата – причина за пожарот во Владата!

Градежни работи на фасадата – причина за пожарот во Владата!
При изведување на градежни работи, односно при поставување хидроизолација на кулата со број 4 на зградата на Владата, утрово дошло до запалување на фасадниот дел, соопшти МВР. Очевидци тврдат дека пожарникарите утрово кршеле дел од новата фасада за да дојдат до изворот на пожарот. Вработените биле евакуирани. Градежните работи на новата фасада на владината зграда се уште се во тек. Неодамна објектот претрпе оштетување и од два проектили кои завршија во владината зграда. Победничкото идејно решение за новата фасада во барок-стил на владината зграда го изработија архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, а изведувач е фирмата „Бауер БГ“. Целокупните градежни активности, според првичните пресметки требаше да чинат 9,3 милиони евра со ДДВ. Изгаснат пожарот во Владата, причините се утврдуваат
Слично

Поврзани вести