Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежна компанија од Турција ќе гради станбен комплекс во Прилеп

Градежна компанија од Турција ќе гради станбен комплекс во Прилеп

„Ајдин јап Иншат“ позната турска градежна компанија е заинтересирана за градење на станбени комплекси во градот на Марковите кули Прилеп.

Имено оваа компанија ќе инвестира 12 милиони евра за  изградба на станбено-деловен комплекс  во централното градско подрачје, а истата опфаќа изградба на повеќе станови, клиника, катна гаража, детска градинка, дом за стари лица, СПА центар.

Инвеститорите најмногу ги привлекол Прилеп како град за инвестиции , виделе неколку локации и градот им се допаднал како најчист во земјава а пресудно за да донесат конечна одлука било што градот е центар на ископувањата и производството на белиот мермер.

Турската компанија очекува до крајот на овој месец да биде комплетирана документацијата и по објавувањето на лицитацијата да се движат работите според планирањата.

Извршен директор на Регионалната стопанска комора, Ристо Најдоски смета дека оваа изградба на станбено-деловниот комплекс ќе значи голем развој на Прилеп.

Слично

Поврзани вести