Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежен бум: Три компании од Струмица на врвот

Градежен бум: Три компании од Струмица на врвот

Милионски приходи, милионски профити. Три градежни компании од Струмица во 2019 се меѓу најуспешните. Крмзов МР лани остварила профит од 3,7 милиони евра, што во однос на 2018 е речиси 4 пати поголем. Што се однесува пак до приходот, тој изнесува 15,4 милиони евра и е за 3 пати повеќе од претходната година. Компанијата е сопственост на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој го поседува и кој е сопственик и на реномираниот струмички ресторан „Вила Парк“, лани. Успешна 2019 зад себе оставаат и  СИМ Инженеринг со добивка од 2,2 милиони евра, како и градежниот гигант Жикол чии приходи изнесувале 23,3 милиони евра. Оваа компанија на Живко Пандев била и поуспешна во изминатите години, но посебно значајно е што во континуитет ја одржува својата позиција на пазарот. 

На следниот линк и останатите градежни компании со милионски профити: 

https://faktor.mk/koi-se-tetovecot-i-strumichanite-koi-napravija-gradezna-ofanziva

Слично

Поврзани вести