„Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“
Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“, организира конференција посветена на унапредување на практичните вештини кај младите и продлабочување на соработката меѓу компаниите, образовните институции и академската заедница.
Конференцијата ќе се одржи на 18 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во хотел „Александар Палас“ – Скопје.
Настанот има за цел да го отвори дијалогот за подготовка на средношколците и студентите за динамичниот пазар на труд и професиите на иднината, со посебен фокус на унапредување на практичната обука преку дуалниот модел на образование.
На настанот ќе се обратат:
• Антони Пешев, извршен директор, СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
• Михал Харари - заменик шефот на МИСИЈАТА НА ШВАЈЦАРИЈА
• д-р Весна Јаневска, МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на конференцијата, во 9:50 часот.
