Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град во Европа кој е најдобар за експанзија на трговците

Град во Европа кој е најдобар за експанзија на трговците

Лондон е  најдобар пазар во Европа за експанзија на трговците. 

Британската престолнина обезбедува подобри услови во споредба со Париз поради протокот на луѓе и курсот на валутата. 

Лондон е лидер на листата на консултантската компанија Savills за најдобрите пазари на мал простор во Европа за експанзија. 

Главниот град на Велика Британија продолжува да привлекува нови брендови поради стабилните  фундаменти и растечките туристички текови, пишува во извештајот на компанијата, пренесува онлајн изданието property-magazine.eu.

Податоци на Mastercard покажуваат дека за периодот 2015-2016 година, речиси 20 милиони туристи го посетиле Лондон и потрошиле 17,8 милиони евра. Трошоците се со над 53% повисоки во споредба со Париз - главен конкурент на британската престолнина. 

Посетителите во Лондон освен тоа имаат тенденција да одвојат речиси 47% од својот буџет за шопинг, додека посетителите на Париз во просек одвојуваат речиси 17% од трошоците за шопинг, покажуваат податоците.

Главниот град на Велика Британија е привлечен и поради ниските трошоци за работна сила, што пак го зголемува профитот на продавниците, се наведува во извештајот.

Второто место на листата е за главниот град на Франција, Париз. 



Слично

Поврзани вести