Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје за еден ден со безмалку 20.000 решенија за блокирани сметки за данок на имот и фирмарина

Град Скопје за еден ден со безмалку 20.000 решенија за блокирани сметки за данок на имот и фирмарина

Град Скопје на 14 декември поднел безмалку 20.000 решенија за блокирање на сметки во деловните банки за данок на имот и фирмарина за 2017-та, потврдија од градската управа.

Станува збор за присилна наплата на 11.270 решенија за физички лица и 616 за правни лица за неплатен данок на имот, како и 7.547 за неплатена фирмарина неплатени навреме за изминатата година.

Традиционално, Град Скопје ги поднесува овие налози до деловните банки секоја година во декември за неподмирен долг од претходната година.

„Редовните годишни решенија се пуштени до даночните обврзници до 31.03.2017 година. После тоа следи опомена за да се потсетат граѓаните за даночната обврска. По истекот на законски предвидениот рок, а на граѓаните кои не постапиле по опомената им се доставува решение за присилна наплата“, гласи одговорот од Град Скопје што го доби „Фактор“.

По истекот на 30 дена од изготвувањето и доставата на решение за присилна наплата и непостапување по истото, се пристапува кон изготвување на решенија за забрана на користење на средства, кои решенија се доставуваат директно до банките. Сите даночни обврзници кои ја подмириле обврската за данок на имот и за фирмарина заклучно со 14.12.2018 година не се блокирани.

Александар Кузмановски

Слично

Поврзани вести