Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје со 12 отсто поголем буџет

Град Скопје со 12 отсто поголем буџет

Буџетот на Град Скопје за 2020 година ќе изнесува 7,35 милијарди денари, што е за 12,1 отсто повеќе во однос на претходниот, беше објавено на денешната седница на Советот. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од  875.668.000 денари.

Најголем раст треба да има за капитални инвестиции од 18 отсто и ќе се потрошат 2,53 милијарди денари. За околу 14 отсто ќе пораснат и трошоците за субвенции и трансфери, како и за плати.

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека парите за капитални расходи ќе се трошат на изградба на нов забавен парк, нова Универзална сала, зелени површини, уредување на тврдината Кале, воведување на смарт сити, одржување на Кејот на реката Вардар, како и реконструкција и изградба на нови булевари

Зголемени ќе бидат даночните приходи, административните такси, приходите од закупнини, продажба на имот, како и од приходите од дотации и трансфери. Основниот буџет на Град Скопје за 2020 година ќе биде 75 милиони евра. Вкупниот буџет заедно со дотации, донации и кредити изнесува околу 120 милиони евра.



Слично

Поврзани вести