Град Скопје продолжува да троши за складирање и чување споменици
Се промени националната и локалната власт, но Град Скопје продолжува со тендерите за складирање и чување модели од скулпури и спомен-обележја од проектот Скопје 2014-та.
Овој пат понудата на огласот е 35.000 евра, а не е познат рокот на траење на услугата. Фирмата која ќе конкурира за добивање на јавната набавка треба да има своја или да има склучено договор со чуварска служба.
Претходниот тендер Град Скопје го склучи на 27 јули 2016-та и на операторот му истече рокот на обврска од две години. Тендерот го доби Акционерското за вршење услуги МЗТ ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ АД Скопје. Тендерот на Град Скопје тогаш изнесуваше 54.000 евра за чување и складирање на модели од скулптури.
Слично
