Град Скопје поднесе барање за лиценца за парно-мрежата
Регулаторна комисија за енергетика потврди дека до нив денеска пристигнало барањето од Град Скопје за лиценца за дистрибуција на топлинската енергија.
Марко Бислимовски, директорот на комисијата, тврди дека целата постапка ќе биде транспарентна и Градски Енергетски Системи, претпријатието основано од Град Скопје за дистрибуција на топлинска енергија, најпрво треба да докаже декаима технички капацитет и доволно човечки ресурси.
Законски потребни се најмалку 45 дена за ГЕС да може да почне да испорачува топлина во домовите, не сметајќи ги тука роковите за жалби. Од друфа страна засефнат е Балкан Енерџи Груп, кој ја поседува актуелната лиценца и ќе мора истата да му ја отстапи на ГЕС, доколку овие ги задоволат критериумите. Град Скопје верува дека со превземањето на мрежата, сметките за парно ќе бидат поевтини. Инаку БЕГ ја превзеде лиценцата од „Топлификација“ во 2010.
