Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје на тендер бара авторска агенција – Ќе се вработуваат хонорарци

Град Скопје на тендер бара авторска агенција – Ќе се вработуваат хонорарци

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски распиша тендер за авторска агенција преку која привремено ќе бидат вработувани лица за потребите на Градот. Услугите кои Град Скопе ги бара од автоска агенција се наведени како „набавка од мала вредност“, а постапката нема да има електронска аукција, туку само понуди испратени до Градот.

Како што се појаснува во тендерската документација, се работи за Рамковна спогодба која ќе треба да се исполни во рок од 12 месеци, а сумата која ќе биде потрошена на нови привремени вработувања не е објавена – само се бара од агенциите кои ќе аплицираат да внесат трошоци и попусти, без вклучен ДДВ.

Крајниот рок на поднесување на понуди е на 27 ноември, по што ќе се знае колку пари и преку која агенција Град Скопје ќе потроши на хонорарци.

Приввремените вработувања, особено од јавните институции често се мета на критики на граѓаните, особено со став дека непотребно се трошат народни пари, со став дека ако е потребен кадар, треба да се пристапи кон вработување, а не пополнување на местото со несигурна работа, или потпишување на договори месец за месец.

Често се случува овие договори да бидат злоупотребени, како во случајот на ексгенералните секретари на владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за чии потписи ставени на вакви договори, со наводи за злоупотреба, претходниот состав на Антикорупциската комисија побара кривично гонење.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести