Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје купува Топ возило

Град Скопје купува Топ возило

Град Скопје донесе предлог- одлуката за давање субвенции на ЈП„Улици и патишта“- Скопје со која се одобрува субвенционирање на јавното претпријатие за набавка на Топ возило, односно специјализирано возило со дигалка и корпа,  во износ на 5 милиони денари. Вработените во ЈП „Улици и патишта“ - Скопје ова возило би го користеле за поправка и монтирање семафори  на градските улици, а одлуката треба да биде одобрена на денешната 24.седница на Град Скопје.

На дневен ред се и целосната реконструкција на локалниот пат с.Копаница, општина Сарај.со учество од 20  милиони денари.

Ќе се расправа за конкретните проекти, потребата од нивна реализација и целите што ќе се постигнат, како и износот на потребните финансиски средства за подобрување на животната средина преку менаџирање со отпадот, бучавата, нејонизирачкото зрачење, природата, биодиверзитетот и климата.



Слично

Поврзани вести